Наутро по одделни котлини со услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.
Во Скопје наутро со услови за појава на магла, а потоа променливо облачно со слаб до умерен променлив ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 14°C, а максималната од 16 до 22°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
1 Берово, 3 Лазарополе, 5 Битола, Маврови Анови, Попова Шапка, 6 Струмица, Тетово, 7 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Прилеп, Демир Капија, 8 Штип, Дебар, Охрид, Претор, 9 Скопје-Зајчев Рид, Крушево, 10 Куманово, Велес, Кавадарци, Виница, 12 Гевгелија.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 16.0, Преспанско Езеро 15.5, Дојранско Езеро 20.8.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/