Вести Македонија Најважни

Сопругот на жената од Слатино, која заедно со ќерката беше пронајдена мртва во нивниот дом, однесен е во тетовската полиција

50-годишниот Р.Ш., сопруг на починатата 36-годишна К.Ш, која заедно со нејзината керќа беше пронајдена мртва во домот во тетовското село Слатино, по укажаната медицинска помош во тетовската болница, со полициско возило беше однесен во тетовската полиција.

Како што соопштија од СВР Тетово, тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Денес во два часот попладне во СВР Тетово докторот Т.Ј. од Теарце, пријавил бил повикан за интервенција од М.З. од тетовско Слатино која ги нашла нејзината ќерка К.Ш.(36) и нејзината малолетна внука во нивната семејна куќа без знаци на живот, каде што тој ја констатирал нивната смрт.

Веднаш било постапено по пријавата и обезбедено лице место каде што екипа при СВР Тетово во содејство со Јавен обвинител извршиле увид, а по наредба на обвинителот телото на починатите биле предадени за обдукција, соопшти полицијата.

Повеќе детали во Вестите на Телма од 21.30, од линковското јавување на Данијела Билбилоска

Мајка и ќерка пронајдени мртви во село Слатино, таткото задржан во полиција

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци, се трага по убиецот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе