Вести Магазин Наука и здравје

Измислен виртуелен поводник за кучиња

Американската компанија „Fleetwood Electronics“, во рамките на својот бренд Heel, го разви гаџетот Roam 350, за кој тврди дека е првиот виртуелен поводник за кучиња во светот.

Системот на виртуелниот поводник за кучиња користи безжична технологија наречена Autoprox, а на далечинскиот управувач што го носите со себе можете да ја прилагодите виртуелната должина на поводникот кој е на растојание од 3 до 229 метри.

Ако вашето куче оди подалеку од растојанието што сте го поставиле, алката ќе сигнализира предупредување на  вашето куче дека е малку предалеку, но и ако вашето куче не го послуша тоа предупредување, ќе се направи корекција.

Што се однесува до типовите на корекции, можете да изберете меѓу две опции, вибрација за да му дадете до знаење на вашето домашно милениче дека ја преминало границата или краток безопасен струен удар доколку не е доволно послушен на вибрациите.

„Ова електрично „шокирање“ не ни се допаѓа многу“велат од компанијата, но тие потенцираат дека за миленикот е сосема безопасно и речиси безболно, а при  „шокирањето“ неколку пати, нема да бидат потребни дополнителни електрошокови, бидејќи ќе одговара на командите со вибрации во алката.

Компанијата вели дека користењето на виртуелниот поводник четири часа дневно, ќе овозможи четири дена користење во автоматски режим и осум дена во рачен режим.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе