Вести Македонија Топ вести

Големи физички бариери, но и предрасуди – лицата со телесен инвалидитет од Битола бараат вистинска, наместо декларативна поддршка

Билјана Тодоровска од Битола е млада жена со телесен инвалидитет, која низ градот се движи со електричен скутер. Иако вели оваа превозно средство значително и ја зголеми мобилноста, сепак физичките бариери се сè уште големи, но уште потешко ги доживува менталните препреки – предрасудите и дискриминацијата.

Билјана вели Битола е град во кој нема услови за лицата со телесен инвалидитет, затоа што не само улиците, непристапни за нив се институциите, објектите за културни настани, трговијата.

„Најголема пречка е непристапноста на улиците во градот. Ова е 21 век, 2024 година, никаде нема пристап. Само на Широк Сокак, другите улици се со високи тротоари, со барикади. Секојдневно се соочуваме со многу пречки. За жал и менталитетот ни е на ниско ниво, но и бариерите ни се многу големи“, вели Билјана Тодоровска од Битола.

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Битола и денеска го организираше традиционалното дефиле по битолски Широк Сокак со единствен мотив да го свртат вниманието на надлежните за нивните проблеми. Побараа подобра пристапност до институциите и вистинска, наместо декларативна поддршка.

„Најголема пречка претставува непристапноста до јавните објекти. Нема мобилност, нема движење без пристапност. За жал на  сите наши апели државата и заедницата  тешко ги прифаќаат“, вели д-р Нико Јанков, претседател на здружението „Мобилност“ од Битола.

Во здружението „Мобилност“ во Битола членуваат околу 1.200 лица со телесен инвалидитет. Најмногубројна е популацијата која е најактивна во животот, но овие луѓе немаат можност да бидат рамноправни членови на општество.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Здравствениот систем кубури со медицински сестри

Дејан Дејан

Оставка или разрешување на Димитровска од функцијата претседател на ДКСК?

Дејан Дејан

Во израелски напади во Појасот Газа над 40 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе