Наутро студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 6°C, а максималната од 18 до 25°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-2 Берово, Лазарополе, 0 Крива Паланка, 1 Битола, Крушево, Попова Шапка, 2 Маврови Анови, 3 Охрид, Тетово, Претор, 4 Скопје-Петровец, Дебар, Прилеп, Виница, 6 Струмица, Велес, Кавадарци, Куманово, 7 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија, 12 Гевгелија.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 17.0, Преспанско Езеро 17.0, Дојранско Езеро 22.6.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/