Вести Македонија Најважни

СДСМ: 100 дена изговори, скандали и разочарувања

Изговори, лаги, јавен линч на опозицијата, брутална партизација, неисполнети ветувања, задоцнети мерки, небезбедни улици, закопана европска иднина, изгорени 10 одсто од земјата… Вака СДСМ ја оценува работата на Владата во првите 100 дена. Гледа многубројни разочарувања кај граѓаните и само 3 реализирани проекти: враќање на оградата пред Владата, на споменикот на Ќосето и задолжување со унгарскиот кредит.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче има сознанија дека Брисел јасно му укажал на премиерот Мицкоски дека не постојат шанси за промена на преговарачката рамка или за одложено дејство на уставните измени, а тој сепак одлучил еднострано да ги прекине преговорите со Унијата како државата да е негова лична своина.

-Се што направија изминатите 100 дена по тоа прашање е да ги влошат нашите релации прво со Грција, а потоа и со Бугарија, за да дојдеме до  ситуација кога нова Резолуција е усвоена во бугарскиот Парламент. Ниту кажуваат како оваа земја ќе продолжи напред, ниту кажуваат со каква временска динамика, ниту премиерот, ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ И ВЛЕН и целата владина коалиција не кажуваат дали има друга алтернатива или ќе останеме целосно изолирани како слепо црево на Балканот, рече претседатлот на СДСМ Венко Филипче.

Филипче тврди дека по големиот изборен пораз, СДСМ ја сфатил лекцијата, сега партијата се консолидира и се претвара во силна опозиција. Уверен е дека дел од причините за изборните резултати треба да се бараат во лагите што ВМРО-ДПМНЕ ги пласирала во кампањата.

-Тие ветуваа повисоки плати, подобрување на нашата положба во преговорите со ЕУ, поверуваа луѓето дека никогаш нема да го користат името „Северна Македонија“ и на бранот на таква силна националистичка кампања која видовме дека разгорува и меѓуетнички тензии, тие освоија толкав број на гласови. Сметам дека една од сериозните причини за таквиот изборен успех на ВМРО-ДПМНЕ односно пораз на СДСМ се должи на нивната величествена кампања која се темелеше на лага, рече Филипче

Лидерот на СДСМ ги нагласи трите приоритетни политики на партијата. Нема да дозволат државата да биде претворена во „тажна изолирана периферија на Европа“, нема да дозволат растот на платите и пензиите да се претвори во алатка за уцена од Владата и нема да дозволат да „оживее национализмот како последно засолниште на криминалот“.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе