Вести Култура Топ вести

Универзалнa сала во моментов е ничија

Универзална сала во моментов е во ничие владение и за тоа ќе следат кривични пријави. Работната група која вршела ревизија на документите на преземањето на Универзална сала од страна на Министерството за култура од Град Скопје, утврдила дека тоа било незаконски направено.

Па сега не се знае во чие владение е универзална сала. Всушност таму нема преземање. Тоа е незаконско. И она што го имаме како информација и она што го изработи работната група е потврдено дека се работи за незаконско преземање од Град Скопје спрема Министерство за култура. Министерство за култура и туризам не може да го гради тој објект, изјави Љутков.

Љутков денеска најави дека наскоро како Министерство ќе ги објават сите детали за постапката, која како што рече, била незаконска и најави кривични пријави.

Има повеќе инволвирани, не е само Министерството, рече Љутков.

Тој не одговори директно дали тоа значи и Град Скопје.

Љутков ја запре реконструкцијата на Универзална сала  веднаш штом ја презеде функцијата министер за култура и побара од ревизија на целата постапка тогаш изјавувајќи дека целата постапка според него е проблематична и оти поради тоа нема да сатви потпис на ниту една потамошна акција која би се случувала со салата.

Реконструкцијата на Универзална стартуваше во 2021 година кога градоначалник на Скопје беше, Петре Шилегов, но неговата наследничка Данела Арсовска, го стопираше целиот проект со обајаснување дека е небезбеден.

По многу натегања меѓу градоначалничката и Министерството за култура, под тогашно раководство на Бисера Костадиновска Стојчевска, Градот Скопје во јули 2023 година се согласи да ја предаде Универзална сала и нејзината реконструкција под ингеренции на Министерството.

Еден месец откако продолжи реконструкцијата на салата, таа до темел изгоре во пожар.

Универзална сала како институција инаку е носител на проектот Скопје европска престолнина на културата за 2028 година, за што Љутков денеска изјави дека дотогаш Скопје ќе има ја Универзална сала, но на легален и законски начин.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Ирак: Осум турски војници починаа од труење со метан гас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе