Европската унија го раздели патот на Макеоднија и на Албанија кон ЕУ. На 15 октомври Албанија ќе го отвори првиот кластер во преговорите со што ќе премине во втората фаза од преговорите.
Одлуката на ниво на амбасадорите на земјите-членки во ЕУ вчера била донесена едногласно, објави денеска „Еуроактив“.
Кластерот што ќе го отвори Албанија е кластертот Основи во која се наоѓаат поглавјата поврзани со владеење на правото, судството, но и јавните набавки, статистика, финансиска контрола.
Европската комисија денеска не сакашe да ја коментира одлуката на амабасадорите на земјите-членки, поточно дали ја поддржува или не одлуката на земјите-членки донесена на амбасадорско ниво.
Нашата поизиција е многу јасна, Комисијата со нетрпение го очекува почетокот на преговорите со Кластерот фундаменти кластер најбрзо што е можно со Албанија и со Северна Македонија, најбрзо што е можно кога Северна Македонија ќе ги исполни релевантните критериуми договорени од Советот, изјави Ана Писонеро, портапролката на Европската комисија.
Македонија и Албанија станаа пакет во 2018 година кога по решевањето на спорот со Грција сепак беше донесена одлука Македонија веднаш да не добие датум за преговори.
Тогаш клучниот момент беше барањето на Франција за нова методологија за преговори, па проширување, што резултираше со блокирање на одлуките за давање на датум за преговори и формирање на пакетот Скопје – Тирана.
Обиди за раздвојување на патот на двете земји ималово неколку наврати потоа, но неуспешни поради противење на неколку од водечките земји во Унијата, како Франција, Германија, Италија, но и Грција, кои сметаа дека раздвојувањето би било контрапродуктивно за регионот.
Последната одлука за останување на двете земји во пакет беше донесена до 2022 година кога и за Македонија и за Албанија беше донесена одлука старот на преговорите да им се одвива во две фази.
Условот за Албанија беше исполнување на одредниците за отворање на првиот кластер, додека за Македонија беа уставните измени за впишување на Бугарите во него.
Истовремено додека во Брисел амбасадорите во ЕУ носеле одлука за раздвојување на двете земји во процесот на пристапување, во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН, високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, одржа работен состанок со претставниците на земјите од Западниот Балкан.
Борел притоа, како што се наведува во соопштението објавено од Европската служба за надворешни работи на состанокот истакнал дека Западен Балкан е составен дел од иднината на Европа, потенцирајќи дека членството во ЕУ е на дофат, под услов клучните реформи да продолжат со обновен фокус.
Борел на средбата потсетил и на потребата од решавање на постоечките билатерални спорови.
Високиот претставник Борел ја подвлече важноста на добрососедските односи постигнати преку дијалог и компромис како суштински чекори кон интеграцијата во ЕУ. Лидерите мора да преземат храбри, стратешки одлуки за да ги унапредат своите европски аспирации, се наведува во соопштението по средбата на Борел со лидерите од Западниот Балкан.
На средбата Македонија ја претставувала претседателката Гордана Силјановска Давкова.
Тамара Грнчароска