Вести Македонија Најважни

Борисов побара оставка од Николовски, тој му возрати дека e обвинет за криминал не е достоен да бара негова оставка

Барање за ивинување преку оставка од македонскиот вицепремиер, Александар Николовски, но и известување на европските партнери за јазикот на навреди кој се користи во Македонија кон Бугарија, се дел од реакците кои ги предизвика изјавата на Николовски во која тој ги нарече бугарските домаќини на македонската претседателка, Гордана Силјановска Давкова за време на нејзината посета на Бугарија, непристојни и мизерни поради тоа што како не го поставиле македонското знаме на нејзината средбата со бугарскиот претсетадел Румен.

„Ниту е домаќинот цивилизран, ниту е пристоен, ниту има било каква почит, затоа е работа таква каква што е. Е сега, помизерни од нив се само нашиве домашните слуги“, изјави Николовски .

Оставка од Николовски побара лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, поранешен премиер и лидер на партијата која победи на изборите во јуни, но не успеа да формира влада, поради што Бугарија во октомври оди на нови предвремени избори.

Борисов искажувајќи разбирање дека можеби протоколите на новите македонски претставници не им се јасни, немаше разбирање за изјавата на Николовски.

„Но јазикот што го користат има само едно извинување – оставка на овој министер. И ако не го направат тоа, ниту претседател, ниту премиерот, ниту министри, ниту партиите не треба да се среќаваат и разговараат со нив. А ние ќе направиме се што е неопходно до Европската народна партија да знаат што зборувале и за што е нашето категорично решени по ова прашање“, изјави Борисов.

Пред Борисов став стигна од Кабинетит на бугарскиот претседател, Румен Радев, од каде рекацијата на македонската влада ја оценуваат како манипулирањето со фактите и хистерична, која не влева оптимизам дека Македонија сака односите со Бугарија да излезат од полето на провокации и режирани скандали.

„’Цивилизираноста’ на новата влада на РСМ допрва ќе се оценува според тоа дали таа ќе продолжи да биде дел од кампањите за поттикнување омраза кон Бугарија или ќе им се спротивстави, од нејзината способност да ги почитува меѓународните договори и од нејзината реална посветеност на спроведување на критериумите од Копенхаген за членство во ЕУ“, стои во реакцијата на Радев.

Бугарското МНР пак информираше дека ги известило своите партнери за неевропскиот и невоспитаниот тон од страна на македонски функционери, со навредливи квалификации  кон Бугарија и багарскиот народ.

„Нашите партнери се известени за неиспровоцираните провокации чија цел, меѓу другото, е нарушување на дијалогот. Уште еднаш потсетуваме на клучното значење на развојот на добрососедските односи за европската иднина на Република Северна Македонија“, стои во рекацијата на бугарското МНР.

На бугарските реакции, реагираше лично од Николовски кој преку соопштение лиферувано од ВМРО-ДПМНЕ, реакциите од Софија ги нарече хистерија создадена од дел од неуспешните бугарски политичари, непотребно внесување на Македонија во предизборната кампања во Бугарија, без желба за добрососедство.

„Секако ние нема да го дозволиме тоа и јас нема да дозволам да било кој бара изговори во мои изјави или било што друго што се случува во Македонија“,

Дополнително Николовски смета дека неговата изјава била лошо протолкувана поради разликите во македонскиот и бугарскиот јазик, односно дека она што има еден контекст на македонски јазик, има друг контекст на бугарски јазик.

Николовски во ракцијата директно му се обраќа на Бојко Борисов како обвинет за криминал и недостоен да бара негова оставка, но и кон други бугарски политичари, вклучително и Радев, кои што не можат ништо да направат за сопствената држава, освен да внесуваат гнев и омраза меѓу двата народи.

И таков е овој кој што го споменав со пачките злато, таков еден друг кој што важи за голем олигарх во Бугарија и такви се една редица други политичари кои што се корумпирани, а таков е и оној кој што е претседател на Бугарија и кој што немаше минимум пристојност и минимум цивилизациско однесување да стави македонско знаме при посетата на македонскиот Претседател“, стои во рекацијата на Николовски.

Инаку изјавата на Николовски е втора која за помалку од еден месец предизвикува гнев во Бугарија. Тој на крајот од август ги нарече членовите на техничката влада во Бугарија, маргиналци на политичката сцена, без легитимитет.

Taмара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лидерот на австралиската опозиција Датон тврди дека се подготвувал бомбашки напад врз неговата куќа

Дејан Дејан

Уапсен Миле Кекин фронтмен на бендот „Хладно пиво“ се сомничи за измама на недвижности

Дејан Дејан

Димитриеска-Кочоска: Македонија може да ја искористи ситуацијата за зацврстување на односите со САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе