Филмови

НОЌ НА КРАЛЕВИТЕ – петок, 20 септември 2024 – 22:15

Дејството на филмот, кое се одвива на Брегот на Слоновата Коска, е сместено во злогласниот затвор наречен Ла Мака. Особеноста на затворот е тоа што со него не управуваат чуварите туку самите затвореници, додека најголемата моќ е во рацете на дангорот, во случајов наречен Црнобрад (Стив Тиенчеу), кој носи одлуки и издава наредби, но тоа може да го прави само додека е здрав, што овде не е случај. Според традицијата, тој е на пат да се самоубие и со тоа да му го препушти местото на новиот началник, претендент на таа „функција“ наречена Лас (Абдул Карим Конате). Но, додека тоа не се случи порано или подоцна, затворските обичаи мора да се почитуваат. Еден од нив е да ги слушаат приказните на затворскиот раскажувач кој мора да го прави тоа секоја вечер, од изгревањето на црвената месечина до зори; ако не може да го стори тоа, може да очекува несакани последици. Дангор за нов наратор избира новодојдениот затвореник (Бакари Коне), кој според традицијата го нарекуваат Роман (Римјанин). За да ја избегне судбината на Шехерезад, Роман почнува да ја шири приказната за озлогласениот бандит Зама Кинг.

Динамичната и визуелно импресивна драма, премиерно прикажана на Филмскиот фестивал во Торонто и наградена на бројни престижни филмски фестивали, е инспирирана од сеќавањето на режисерот на озлогласениот затвор Ла Мака каде што како дете ја посетил својата мајка, политички затвореник.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СТАРО МОМЧЕ – недела, 06 октомври 2024 – 00:00

Дејан Дејан

МЕСТЕНКА – недела, 06 октомври 2024 – 22:15

Дејан Дејан

ЗАГОВОРОТ ОД МАРАКЕШ – сабота, 05 октомври 2024- 00:00

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе