Едно лице загина, а три лица се повредени при напад на украински беспилотни летала кои погодија станбен комплекс во Раменскоје, град кој се наоѓа во непосредна близина на Москва.
Инцидентот се случува во момент кога врз земјата беше извршен еден од најголемите напади со беспилотни летала на руска територија.
Дроновите погодија две повеќекатни станбени згради при што избувна пожар, изјави гувернерот на московската област, Андреј Воробјов, додавајќи дека пет станбени згради се евакуирани поради паѓање на остатоци од дронови.
Над 140 украински беспилотни летала целеа повеќе руски региони во текот на ноќта, вклучително и Москва и околните области, поради што властите привремено затворија три аеродроми надвор од Москва – Внуково, Домодедово и Жуковски.
Вкупно 48 летови биле пренасочени кон други аеродроми.
Ова беше втор масивен украински напад со беспилотно летало врз Русија овој месец.
На 1 септември, руската војска соопшти дека пресретнала 158 украински беспилотни летала во повеќе од десет руски региони во она што руските медиуми го опишаа како најголемиот бараж на украински беспилотни летала од почетокот на војната.
Рускиот истражен комитет објави кривична истрага за, како што го нарече, терористичкиот напад.