Вести Свет

(ФОТО) Најмалку 40 лица загинаа при израелски напад врз шаторскиот камп во хуманитарната зона Газа

Палестинските власти соопштија дека во израелски напад врз преполниот шаторски камп во кој се сместени Палестинците раселени поради војната во Газа, загинале најмалку 40 луѓе, а 60 други биле ранети.

Израел рече дека цели на „значајни“ милитанти на Хамас, наводи кои милитантната група ги негираше.

Ова е еден од најсмртоносните напади досега во Муваси, каде се распространети преполни шаторски кампови долж брегот на Газа што Израел ги одреди како хуманитарна зона каде стотици илјади цивили побараа засолниште од војната меѓу Израел и Хамас.

Цивилната одбрана на Газа соопшти дека нејзините тимови извлекле 40 тела и дека сè уште трагаат по други жртви.

Се вели дека во нападот биле убиени цели семејства во нивните шатори.

Министерството за здравство на Газа соопшти дека над 40.000 Палестинци се убиени во Газа од почетокот на војната притоа не правејќи разлика меѓу борци и цивили во овој број.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанезе за американските санкции: Моја должност е да го обелоденам фактот дека геноцидот во Газа не запира

Дејан Дејан

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе