Старлајнер се врати на Земјата, но без екипаж. Леталото на Боинг слета во вселенското пристаниште „White Sands“ во пустината во Ново Мексико. Астронаутите Бач Вилмор и Сани Вилијамс беа принудени да останат на Меѓународната вселенска станица поради технички проблеми на Старлајнер во тримесечната пробна мисија во вселената. Нивното враќање на Земјата ќе биде во февруари догодина со леталото „Спејс Икс“.
Старлајнер влезе во Земјината атмосфера со орбитална брзина од 27.400 километри на час. Отприлика 45 минути подоцна ги отвори падобраните за да го забави слетувањето.
На Меѓународната вселенска станица, покрај Вилмор и Вилијамс, има уште седум други астронаути кои отпатуваа во различно време и со други вселенски летала, меѓу кои и руското „Сојуз“.