Вести Свет Топ вести

Летните температури го запалија и пресушија Балканот

Во Србија пресуши соленото езеро Русанда, кое се смета за богатство на банатската рамница и најголемото солено езеро е во Србија. Топлото време од јули до август, без капка дожд, ги исуши сончогледите, на полињата шетаат крави.

„Ова не е прва година да пресуши езерото. Но, сепак, е поразлична и посебна година сега. Сите го сакаат летото и убавото време, но поради функционирање и работа, потребен е и малку дожд“, изјави Јовица Мудриќ, вработен во медицинскиот центар Русанда.

Летово воени камиони истураа вода во базените за да се напојат животните. Луѓето тешко функционираа на +35 степени. Велат дека го сакаат летото, но овие жештини беа неиздржливи.

„Тоа беше како тропско лето, како да живееме во Африка, а не во Европа“, рече Јелена Поповиќ,  жителка на Белград.

Во Босна од жештините останаа да сведочат исушените полиња со пченка и останати житни култури. Реката Босна делумно пресуши, а водата што течеше под мостовите веќе ја нема. Жителите на Сараево се разладуваа на градските чешми, додека екраните на мерните станици покажуваа 40 степени.

„Сите рекорди, според параметрите, беа срушени во нашата земја, а тоа се ноќите кога температурата не се спушти под 20 степени Целзиусови. Слична е ситуација и со бројот на топли денови, односно деновите со температура над 30 степени Целзиусови. Рекордите беа урнати оваа година и тоа покажува колку екстремно беше летово во Босна“, вели Бакир Крајиновиќ, климатолог и метеоролог.

Во Хрватска, во стариот дел на Дубровник, туристите се одмараа под сенка, а спасот од жештините го бараа лежејќи под чадорите на плажа и пливајќи во морето.

Жешкото време разгоре пожари во Албанија, Хрватска и во Македонија.

Балканските земји беа пеколни годинава. Државите постојано беа со температури над 35 степени, што претставува портокалова или црвена фаза.

Од жештините не изостана ниту Македонија. Во текот на целото лето траеше битката со огнената стихија, еден пожар стувнуваше, друг се разгоруваше, а штетите се пресметуваат во милиони евра.

Според Службата за климатски промени „Коперникус“, летото 2024 година било најтопло на Земјата досега.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

113 години од потонувањето на „Титаник“

Дејан Дејан

(ФОТО)Прв трансексуален машки фудбалски тим на Куба го започна својот прв натпревар

Дејан Дејан

Втор ден од посетата на премиерот Мицкоски на ОАЕ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе