Вести Свет Топ вести

Излез од политичката криза или нова француска револуција – што ќе донесе изборот на Мишел Барние за премиер

Успеа мирно да ги разведе Европската Унија и Велика Британија, но пред Мишел Барние е, можеби, најголемиот предизвик во неговата 26-годишна политичка кариера. Францускиот претседател го именува за премиер и во него гледа клуч за политичка деблокада на земјата. Но, изборот на шефот на државата за наследник на Габриел Атал предизвика незадоволство во јавноста. Илјадници Французи се одзваа на повикот на лидерот на левичарската „Непокорна Франција“ и излегоа на улиците во знак на револт што е заобиколена волјата на народот на изборите. Според Жан Лук Меланшон, изборите се украдени и земјата се соочува со нова француска револуција.

Демонстрантите го осудија назначувањето на Барние, а изборот на Макрон го оценија како негирање на демократијата. Единстеното решение за излез од кризата го гледаат во именување на премиер од редовите на левичарската коалиција. Во спротивно, најавија дека ќе продолжат со протести и борбата за притискање на власта со начини како за пензиската реформа.

За опстанок на владата на Барние во поделеното француско општество, ќе му биде потребна поддршка од крајната десница. Во тој контекст, бриселскиот портал „Политико“ оценува дека многу нешта ќе зависат од добрата волја на Марин ле Пен. За „Ројтерс“, пак, нејзината партија „Национален собир“ од трета партија на изборите, се претвори во сила зад тронот.

Нејзините услови се јасни – мерки за подобрување на куповната моќ, безбедност и имиграција, воведување на сразмерна застапеност во парламентот и почит кон пратениците од крајната десница. Ако Ле Пен не го поддржи Барние, тоа би било политичка катастрофа за Макрон кој седум недели трагаше за премиер кој ќе може да го одблокира парламентот.

Ако владата „преживее“, тогаш Барние ќе мора веднаш да се фати за работа. Соочен е со тежок предизвик – влез во реформи и носење на буџетот за 2025 година во период на притисок од Европската комисија за потребата од намалување на националниот дефицит, а јавните расходи кој треба да бидат покуси за најмалку 30 милијарди евра.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе