Вести Свет Топ вести

Ердоган сака да формира Сојуз на исламски земји против Израел

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска порача дека исламските земји треба да формираат сојуз против, како што рече, „растечките закани на експанзионизмот“. Неговиот коментар следуваше по информацијата на турски и палестински официјални лица дека израелските сили убиле жена со турско-американско потекло која учествувала во протестот против ширење на населби на Западниот брег.

„Единствен чекор за запирање на израелската ароганција, израелскиот варваризам и израелскиот државен тероризам е Сојуз на изламски земји“, рече Ердоган на состанок на здружението на исламски училишта во близина на Истанбул.

Неодамнешните потези на Турција за подобрување на врските со Египет и со Сирија, како што нагласи тој, биле насочени кон „формирање на линија на солидарност против сè поголемите експанзионистички закани“.

Ергодан оваа недела беше домаќин на неговиот египетски колега, Абдел Фатах ал Сиси. Тема на разговорите беше војната во Газа, но и начините за поправање на 12-годишните замрзнати врски меѓу двете земји.

Турскиот претседател во мај најави дека „во секој момент“ ќе упати покана и до неговиот сириски колега, Башар ал Асад за можни разговори за обновување на на односите меѓу двете земји кои ги прекинаа врските во 2011 година, по избивање на граѓанската војна во Сирија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе