Најмалку 17 ученици загинаа во пожар во училиште во централна Кенија, објави полицијата. Се стравува дека бројот на мртви би можел да се зголеми, бидејќи десетици ученици се пренесени во болница со тешки изгореници, пренесува „Би-Би-Си“.
Пожарите се релативно чести во интернатите во Кенија. Десет девојчиња загинаа во 2017 година во подметнат пожар во женска гимназија во Најроби. Најсмртоносниот се случи пред 20 години и во него загинаа најмалку 67 ученици.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.