Вести Најважни Свет

Сакал да ги поштеди родителите од непријатни детали – синот на Бајден го промени исказот и призна дека затајувал данок

Хантер Бајден, син на актуелниот американски претседател Џо Бајден, се изјасни виновен за федералните даночни обвиненија за кои се товари во САД. Со тоа, тој го промен и исказот од јануари оваа година, кога се изјасни невин, објави „Глас на Америка“.

Бајден призна вина по сите девет точки од обвинението, а обвинет е за затајување на вкупно 1,4 милиони долари, додека истовремено трошел пари на наркотици, проституција и луксузни предмети.

Судијата Марк Скарси изјави дека Хантер Бајден се изјасни виновен и со обвинителите не постигна договор за намалување на казната. Според Скарси, најголемата затворска казна за тоа кривично дело е 17 години, паричната е до 450.000 долари.

Во соопштението по рочиштето, Бајден наведе дека се изјаснил виновен за да ги поштеди родителите од непријатни детали од делови од неговиот приватен живот.

„Имајќи во предвид сето она на кое ги изложив во изминатите години, сакав да ги поштедам“, порача Бајден.

Неговото признавање на вина, пред почеток на процесот, претставува предуслов за избегнување на судење за време на кое би било извесно дека ќе бодат обелоденети компромитирачки детали од неговиот живот.

Хантер Бајден во јуни оваа година беше осуден по обвинувањето за незаконско купување на оружје додека користел наркотици.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

ДЗС: Спречено ширење на пожарот во светиниколско Делисинци, селото спасено

Дејан Дејан

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе