Рано утрово во регионот Курск започнаа предвремени избори за гувернер на областа и покрај присуството на украински војници на нејзина територија.
Руската државна телевизија емитуваше снимка на која се гледаат локалните жители како гласаат на улица и на избирачките места.
Оние кои беа принудени да ги напуштат своите домови имаат можност да гласаат во центрите за привремено сместување во другите руски региони, се вели во извештајот.
Главен претендент на изборите е вршителот на должноста гувернер Алексеј Смирнов.
На 6 август, украинските сили извршија молскавична операција во рускиот регион Курск, заземајќи голем број села но и стотици затвореници.
Операцијата Курск, најголемиот упад во Русија од Втората светска војна, принуди околу 130.000 жители да се евакуираат од своите домови.
На 8 септември ширум Русија се одржуваат локални избори.
Жителите на 25 региони, вклучувајќи го и Крим, ќе го дадат својот глас за гувернери, во 13 региони, за регионалните законодавни тела.