Вести Свет Топ вести

Трамп: Напаѓачот во Џорџија e „болно чудовиште“ – Харис повика на крај на насилството со огнено оружје

Кандидатот за претседател на САД од Републиканската партија Доналд Трамп го нарече сторителот на масовното убиство во училиште во Џорџија „болно и изопачено чудовиште“.

„Овие драги деца ни беа одземени премногу рано од едно болно и изопачено чудовиште“, напиша тој на својата социјална мрежа „Трут Соушал“.

Потпретседателката и кандидатка за Белата куќа од Демократската партија, Камала Харис, повика на решителни мерки против насилството со огнено оружје.

„Мораме да ставиме крај на епидемијата на насилство со огнено оружје во нашата земја еднаш засекогаш. Нема причина да се помириме со ова“, рече таа на предизборен настан во Њу Хемпшир.

Четиринаесетгодишен ученик вчера отвори оган во гимназија во Џорџија, убивајќи четворица и ранувајќи уште деветмина.

Малолетникот кој пукаше во училиште во Џорџија бил под истрага за анонимни закани

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе