Вести Македонија Топ вести

Судски совет го усвои извештајот за постапувањето на судијата Пајазити во случајот со бегалецот Рамадани

Судскиот совет на денешната седница едногласно со 12 гласа „за“, го усвои извештајот за предметите на Кривичниот суд кои се однесуваа за екстрадициониот притвор на припадникот на ОВК, Блерим Рамадани и за одлуките за спогодба со врховниот судија Наќе Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети.

Комисијата која го подготви извештајот констатираше дека судијата Пајазит Пајазити два пати го сослушал Рамадани за екстрадицијата, иако неговата прва изјава е неотповиклива.

Рамадани првиот пат побарал по брза постапка да биде екстрадиран. Вториот пат Рамадани се премислил.

Воедно Пајазити ги навел истите причини и при изрекувањето на притвор за Рамадани и при промената во куќен притвор.

Дали ќе се поднесе барање за одговорност од Пајазити, тоа се уште не се знае. Но, било кој од членовите на Судскиот совет има таква можност. Сепак праксата досега покажала дека ваквите барања се поднесуваат од координаторот каде работи судијата во овој случај Кривичниот суд.

Пајазити откако го пушти Рамадани во куќен притвор додека се чекаше одлука за негова екстрадиција во Србија тој избега во Косово.

Георгиев и Мемети признаа вина дека земале мито во врска со случај што се води против поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев, кој, беше уапсен поради шверц на марихуана.

Георгиев призна вина дека зел пари од синот на Стојчев и се спогоди со обвинителството за казна затвор од 3 години и забрана од 3 години за вршење дејност откако ќе ја одлежи казната.

Мемети доби условна казна.

Комисијата при советот која го изготви извештајот констатираше дека и за двете спогодби не биле воопшто дадени причините за околностите за да се донесе таква пресуда.

Судскиот совет денеска го усвои извештајот и за предмет на Апелациониот суд во врска со тужба против Македонски Телеком и донесе заклучок дека има многу отворени прашања за постапувањето на судиите.

Извештајот ќе биде проследен до Основното јавно обвинителство на понатамошно постапување.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Буданов: Северна Кореја е најголемата закана по Украина од сите руски сојузници

Дејан Дејан

Европските училишта ја ограничуваат употребата на мобилни телефони поради здравствени причини

Дејан Дејан

Хутите истрелаа ракета која за прв пат стигна до централен Израел, во нападот нема повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе