Тројца украински министри и шефот на дрѓавниот имотен фонд поднесоа оставки.
Претседателот на Врховната Рада, Руслан Стефанчук соопшти дека Олександр Камишин, министер за стратешка индустрија, Денис Малиуска, министер за правосудство, Руслан Стрилец, министер за заштита на околината и природните ресурси, како и Виталиј Ковал, шеф на државниот имотен фонд испратиле писма со оставки на функциите.
Причините за нивните оставки засега се непознати, освен што Камишин навел дека ќе остане во одбранбениот сектор, но во друга улога.