Вести Свет

Протест на Србите од паралелните косовски институции во Северна Митровица

Вработените во паралелните органи на Србија во Северна Митровица денеска повторно се собраа пред зградата на општината, со барање да се вратат на работа.

По затворањето на српските паралелни институции на северот на Косово во петокот, работниците од овие институции вчера се обидоа да влезат во зградата, тврдејќи дека „дошле на своите работни места“, но беа запрени на влезот од страна на полицијата.

Тие и денеска се собраа пред општинската зграда во Северна Митровица каде што беше пензиското осигурување на Србија и велат дека „нема да си заминат“.

Тие тврдат дека „работата е извор на живот за нив и нивните семејства и дека сегашната ситуација им го отежнува преживувањето и останувањето во Косово“.

Минатиот петок, косовската Влада затвори неколку српски паралелни институции на северот на земјата.

Акцијата предизвика реакции на НАТО, Европската Унија, САД и другите западни земји, кои ја опишаа како „некоординирана“ со западните сојузници и ја оценија како безбедносен ризик.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невработени му пишувале на Стојачне Ангелов на фејсбук за да помагаат околу пожарите за 20 илјади денари

Дејан Дејан

По укажувањата на УНЕСКО Мицкоски најави дека Министерството за транспорт ќе ангажира фирма која ќе ги урива дивоградбите во Охрид

Дејан Дејан

„Меѓаши“ го осудува насилството врз врзаното девојче од струмичко Ново Село

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе