Федерико Киеза од денеска и официјално е нов фудбалер на Ливерпул по трансферот од Јувентус вреден 15 милиони евра.
Италијанскиот репрезентативец потпиша четиригодишен договор со „црвените“ и официјално е второто засилување за клубот ова лето по голманот Ѓорѓи Мамардашвили, кој ќе се приклучи на тимот од следната сезона.
Киеза не беше во плановите на Јувентус за оваа сезона и тренираше одвоено од првиот тим, а имаше неколку понуди од италијанските гиганти, но и од Барселона. На крајот реши својата кариера да ја продолжи на „Енфилд Роуд“.