Вести Свет

Пропалестинските демонстранти се судрија со полицијата пред израелскиот конзулат во Чикаго

Демонстранти беа уапсени синоќа во судирите меѓу полицијата и учесниците на пропалестински марш пред израелскиот конзулат во Чикаго. Тоа се случи на втората вечер од Демократската национална конвенција, што се одржува во тој американски град.

Судирите избија откако демонстрантите се обидоа да стигнат до облакодерот во кој се наоѓа дипломатската мисија. Тие извикуваа слогани пред зградата и се обидоа да пробијат полициски кордон што ја опкружуваше, поради што полицијата употреби сила против демонстрантите.

Некои од демонстрантите го запалија американското знаме на улица. Други носеа палестински знамиња, а многу од демонстрантите беа облечени во црно и носеа маски.

Протестната акција се одржа на околу 3 километри од местото каде што се одржа свечената церемонија за потврдување на претседателската номинација на Камала Харис.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци, се трага по убиецот

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе