Вести Свет

Најмалку 570 починати од мајмунски сипаници во Конго

Во Демократска Република Конго од почетокот на годината, досега, од вирусот на мајмунски сипаници (мпокс) починале најмалку 570 луѓе.

Министерот за здравство на Конго, Роџер Камба, изјави дека од почетокот на оваа година се откриени 16.700 потврдени или сомнителни случаи на вирусот мпокс, а повеќе од 570 луѓе починале.

Наведувајќи дека епидемијата се проширила во 17 африкански земји, тој рече дека ја погодува младата популација, особено децата до 15 години.

Во Конго, во декември 2022 година, низ целата земја беше прогласена епидемија на мајмунски сипаници.

Мајмунска сипаница е заразна болест која се пренесува од животните на луѓето, а најчесто се јавува во тропските шумски области на Централна и Западна Африка.

Преносот се јавува и меѓу луѓето, преку контакт со рани на кожата на заразено лице или контакт со материјали кои биле во контакт со кожата на заразено лице.

Симптоми на болеста се треска, главоболка, болки во мускулите, отечени лимфни јазли, треска и исцрпеност. Обично се развива и осип.

Мајмунските сипаници првпат биле откриени кај луѓето во 1970 година во Конго.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе