Вести Свет

Азербејџан официјално поднесе барање за приклучување кон БРИКС

Азербејџан официјално поднесе молба за приклучување кон организацијата БРИКС, соопштија локални медиуми.

БРИКС е основан во 2006 година и моментално во организацијата членуваат девет држави (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужноафриканска Република, Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати). Од 2009 година, БРИКС се претвори во единствен геополитички блок кој годишно одржува самити и спроведува координација на мултилатералната политика.

Во јули, за време на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Астана, беше усвоена „Заедничка декларација за воспоставување на стратешко партнерство меѓу Азербејџан и Кина“. Според параграф 4.5 од декларацијата, Азербејџан ја изрази својата желба да се приклучи кон БРИКС, а Кина го поддржа членството на Азербејџан во организацијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе