Вести Култура

Неодговорен однос кон културното наследство- Македонија, како и земјите во регионот се далеку зад европските стандарди за дигитализација

Важно е да се подигне свеста за самите архиви, па потоа и нивна дигитализација,  истите да бидат отворени за јавноста затоа што тие претставуваат  јавно добро, велат експертите. Во меѓувреме потребно е да се инвестира во кадар кој ќе биде обучен за новите технологии во дигитализацијата.

Нашиот однос кон архивите и нивната дигитализација говори дали имаме совесен однос не само кон минатото, туку и кон сегашноста и иднината. Состојбата кај нас е многу слична како и во целиот регион во кратки црти неодговорен однос кон културното наследство, ваквите форуми на иницијатива на независниот културен сектор се надевам ќе ги слушнат и надлежните институции  и  ќе дејствуваат што поскоро со стратегии кои се важни не само за нас, туку за целиот свет генерално, вели Кумјана Новакова која работи во полето на креативниот филм и аудиовизуелните уметности.

Тоа се процеси кои се оставени на случајност, процеси кои се оставени на одлуките на индивидуалци кои некогаш се одговорни и покренуваат процеси на систематизација на нашето културно наследство, но најчесто тоа не е случај. Ни недостасува една поширока визија, од визијата и стратегии на архивирање на подигање на свест кон важноста на архивирање и отварање на архивите кон јавноста-изјави Кумјана Новакова,  филмска авторка 

Кинотеката на Македонија веќе 15 години е вклучена во дигитализација на филмското наследство.

Последниве две години тоа го правиме и кај нас во институцијата. Мислам дека има слух од државата меѓутоа има многу нешта кои треба да се покријат. Како што се луѓето коишто треба да се обучат за да работат. Имаме недостаток на обучени луѓе за тие нови технологии. Имаме добри филмолози кои имаат свест за 35 милиметарски ленти и слично меѓутоа многу малку за работа со новите дигитални технологии и веројатно тука треба да се работи малку повеќе- изјави Александар Трајковски, филмолог

Јубилејното 15-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“се одржува под  мотото „Копање емоции низ времето“. Тематскиот фокус годинава е ставен на кинотечните архиви од повеќе држави.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бројот на жртви во поплавите во Тексас се искачи на 59 – стотици спасувачи трагаат по исчезнати

Дејан Дејан

Пожар кон граничниот премин Блаце, се шири кон шума

Дејан Дејан

Во Катар почнуваат преговори меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе