Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Израел го прифатил предлогот за надминување на разликите за примирје и ослободување на заложниците во Газа и го повика Хамас да го стори истото. Неговата порака следуваше по две ипол часовната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по што се очекува утре да отпатува за Египет.
За време на престојот во Израел, Блинкен се сретна и со министерот за одбрана Јоав Галант и со претседателот Исак Херцог. Ова е деветта мировна мисија на американскиот државен секретар на Блискиот исток од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во октомври лани.