Вести Свет

Силен земјотрес активираше вулкан на далечниот источен брег на Русија

Силен земјотрес со прелиминарна јачина од 7 степени според Рихтеровата скала рано утрово го погоди Пацификот во близина на далечниот источен брег на Русија каде е сместена голема поморска база, но нема првични извештаи за материјална штета или повредени.

Земјотресот предизвика предупредување за цунами кое подоцна беше укинато.

Земјотресот се случил на 29 километри под површината, а неговиот епицентар бил на околу 102 километри источно од Петропавловск-Камчатски, соопшти Американскиот геолошки институт.

Петропавловск-Камчатски е пристанишен град со повеќе од 181.000 луѓе опкружен со вулкани и се наоѓа преку заливот од важна руска подморничка база.

Центарот за предупредување од цунами во Тихиот Океан на Националната метеоролошка служба на САД во Хонолулу првично предупреди дека се можни опасни бранови од цунами на бреговите на оддалеченост од 480 километри од епицентарот на земјотресот, но подоцна објави дека заканата е завршена.

Центарот соопшти дека може да има мали флуктуации на нивото на морето во некои крајбрежни области во близина на местото на земјотресот неколку часа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе