Вести Свет Топ вести

(Видео) Тупаници во парламентот на Турција – се степаа пратеници на Ердоган и членови на опозицијата

Седница во турскиот парламент, чиј иницијатор беше опозицијата, набрзо прерасна во хаос и тепачка по изјавите на пратеникот на Работничката партија (ТИП), Ахмет Сик насочени против владеачката партија (АК) на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Причина беше претходно исклучување на Кан Аталај, член на ТИП, од парламентот, кого Врховниот суд го осуди на 18 години затвор „поради помагање во обидот за соборување на владата на Турција“. Уставниот суд подоцна пресуди дека одлуката со која се одзема местото на Аталај во парламентот била „ништовна“, што дополнително го искомпликува случајот.

Тензиите на седницата ескалираа, речиси, истиот момент, кога Сик побара збор, што предизвика жестока реакција на насобраните пратеници која набрзо прерасна во физичка пресметка.

Потпретседателот на парламентот Бекир Боздаг беше принуден да ја прекине седницата на 15 минути за да се воспостави ред во салата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе