Вести Свет Топ вести

(Видео) Повредени 11 лица – Украина погоди трговски центар во Донбас

Единаесет лица се повредени во ракетен напад на украинските оружени сили во квартот Петровски, во градот Доњецк, објавија здравствените власти во т.н. Доњеска Народна Република (ДНР), пренесува руската државна новинска агенција РИА Новости.

Лидерот на непризнатата ДНР, Денис Пушилин претходно објави дека се повредени седум лица, меѓу кои и тинејџери.

„Украинските оружени сили од пладне изведуваат целни, масовни удари на квартот Петровски во Доњецк. Во текот на гранатирањето се запали зградата на трговскиот центар „Галактика“, а опожарената површина надминува 10.000 метри квадратни. Оштетена е и Градската болница број 14“, пренесува РИА Новости.

„Галактика“ единствен голем трговски центар во тоа подрачје и преку ден е полн со купувачи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе