Вести Свет Топ вести

(Видео) Се урна руски стратешки бомбардер во Сибир – екипажот успешно се катапултирал

Руски стратешки бомбардер се урна во Сибир, објавија руските државни медиуми. Авионот од типот Ту-22М3 се урна во областа Иркутск поради технички дефект, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана. Притоа се додава дека екипажот успешно се катапултирал.

„Авионот се урнал во ненаселено подрачје. Нема штети на земјата“, се вели во соопштението.

На руските Телеграм канали се појавија фотографии и снимки од местото на падот на авионот. Со оглед дека материјалите се снимени во мрак, се претпоставува дека несреќата се случила доцна синоќа или рано утрово.

„Тупољев“, главен и најстар производител на авиони, ги опишува авионите Ту-22М3 како надзвучни бомбардери кои можат да уништуваат цели на копно и на море. Официјален Киев и неговите западни сојузници тврдеа дека Русија честопати ги користи наведените авиони за бомбардирање на позиции во Украина.

Шефот на украинската одбранбена разузнувачка служба, Кирило Биданов рече дека во август лани на Русија и преостанале помалку од 30 бомбардери Ту-22М3.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Блокада на влезот во Битола – жителите револтирани од изградбата на новиот булевар

Дејан Дејан

16 финансиски институции и банки сакаат да ја финансираат брзата пруга – условите се уште непознати

Дејан Дејан

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе