Вести Свет

Напуштете ја Украина и решете го проблемот во Курск – Кирби со „совет“ до Путин

Портпаролот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави, Џон Кирби, коментирајќи го нападот на украинските сили врз регионот Курск во Русија, рече дека конфликтот во Украина е војна на агресија на Русија против таа земја и дека ако на претседателот на Русија, Владимир Путин не му се допаѓа тоа што се случува во областа Курск, тој едноставно може да ја напушти Украина.

„И ако тоа (на Путин) не му се допаѓа, ако му е малку непријатно со тоа, тогаш има лесно решение: тој само може да ја напушти Украина“, рече Кирби на брифингот, коментирајќи ги изјавите од Москва дека упадот на украинскиот силите во регионот Курск всушност беше конфликт на Западот со Русија.

Кирби додаде дека е „смешна пропаганда на Путин“ што ја користи од почетокот на војната, а тоа е дека морал да влезе во Украина бидејќи НАТО ја опколи Русија и дека поддршката на НАТО и САД за Украина само докажува дека Западот е против Русија, беше објавено на веб-страницата на Белата куќа.

„Единствените во војна со Украина се Русите, тие се оние кои ја нападнаа Украина. И Украина се брани од таа агресија. Ова е руската агресивна војна против Украина. Од самиот почеток“, изјави Кирби.

Тој додаде дека нема да зборува за украинските воени операции и дека Вашингтон е во контакт со Киев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе