Вести Свет

Велика Британија, Франција и Германија предупредија дека Иран ќе сноси последици доколку го нападне Израел

Иран ќе „сноси одговорност“ за каков било напад врз Израел „што би довело до ескалација на тензиите во регионот“ и што би ја загрозило можноста за постигнување договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците од Појасот Газа, се вели во заедничката изјава на Велика Британија, Франција и Германија.

Британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц го повикаа Иран „и неговите сателити“ да се воздржат од напади, додавајќи дека се согласуваат со земјите посредници, т.е. САД, Египет и Катар, дека не смее да има повеќе одложувања во преговорите меѓу Хамас и Израел, пренесува Политико.

Претходно порталот Аксиос објави дека израелските безбедносни служби веруваат дека напад од Иран врз таа земја може да се случи во наредните денови. Иран предупреди дека ќе го нападне Израел како одмазда откако лидерот на Хамас Исмаел Ханије беше убиен во Техеран, за што Израел не презеде одговорност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вработил без јавен оглас и одобрение од Финансии – кривична за директор на основно училиште во Липково

Дејан Дејан

(Фотогалерија) Повредени 24 луѓе, спасени екипажи, патници, деца – силно невреме мина низ Сплит

Дејан Дејан

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе