Вести Свет

Украина тврди дека контролира 1.000 квадратни километри руска територија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потврди дека украинските воени сили се активни на територијата на руската област Курск.

Во својата објава на „Телеграм“, Зеленски ги пофали војниците и командирите на земјата за нивната решителност и одлучност, без да даде повеќе детали за нападот.

Тој додаде дека Украина би можела да понуди хуманитарна помош во регионот, укажувајќи дека на владините службеници им е наредено да подготват хуманитарен план за територијата.

Претходно, главниот командантот на украинската армија, генерал-полковник Олександр Сирски, изјави дека Киев контролира околу 1000 квадратни километри од Курск.

Од друга страна, Службата за безбедност на Украина (СБУ) соопшти дека Русија се обидува неправедно да ги обвини силите на Киев за воени злосторства во контекст на тековната инвазија во Курск. Во објава на „Телеграм“, СБУ посочи дека има информации кои покажуваат дека Русија можеби планира да изврши напад со цел да ја обвини Украина.

Гувернерот на областа Курск Алексеј Смирнов изјави дека „украинските сили користеле хемиско оружје за време на инвазијата“, јавуваат руските државни медиуми. Засега не е познато дали Смирнов понудил докази за ова обвинување.

Смирнов додаде дека украинските сили имаат контрола над 28 населени места во оваа област и дека киевските војници навлегле 12 километри во руска територија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе