Вести Свет

Филипини со протестна нота до Кина заради загрозување на воздушниот простор

Филипините ќе упатат дипломатски протест до Кина поради неодамнешниот инцидент во кој кинески воени авиони го нарушија воздушниот простор над Јужното Кинеско Море, изјави денеска филипинскиот министер за надворешни работи Енрике Манало.

Филипинската војска извести за „опасни дејствија“ на два кинески авиони кои на 8 август истрелаа проектили на патеката на авион на филипинското воздухопловство кој вршеше рутинска патрола над Скарборо Шол во Јужното Кинеско Море, пренесуваат британските медиуми.

Филипинскиот министер за одбрана Жилберто Теодоро изрази надеж дека Кина ќе ги почитува меѓународните закони и изјави дека е неопходно да се деескалираат тензиите.

Претседателот на Филипините Фердинанд Маркос изјави дека дејствијата на Кина се „неоправдани, незаконски и непромислени“, додека нема коментар од кинеската амбасада во Манила.

Кинеската војска на конференција соопшти дека филипинскиот авион илегално влегол во кинескиот воздушен простор и покрај постојаното предупредување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе