Вести Македонија Топ вести

Живата во термометрите ќе „пука“, температурите од утре и над 40 степени – портокалова фаза за делови од земјата

Триесет и четири степени Целзиусови попладнево покажува живата на термометарот во Управата за хидрометеролошки работи (УХМР) на Зајчев рид, а влажноста на воздухот 47%. Се очекува живата во термометарот да расте и во текот на наредните денови. Во некои делови од земјата, поради високите температури, ќе биде активна и портокалова фаза, алармираат синоптичарите.

Возилата и медицинскиот тим спремни, телефонскиот број на брзата помош постојано ѕвони, а лекарите дневно имаат околу 100 интервенции. Препораките остануваат да важат, но граѓаните ретко ги почитуваат вели доктор Реџепи.

И болни и здрави на удар од пеколните горештини, а колапсите и инфарктите станаа сè почести, а еве каква помош најчесто бараат граѓаните од брзата помош.

Поради појавата на топлотен бран, Владата донесе итни мерки и препораки. Да се ослободат од работни обврски бремените жени и лицата на возраст над 60 години, забрана за физичка активност на отворено како и помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Инаку на тропските температури за луѓето кои се наоѓаат на отворено најважно е да имаат пристап до вода за пиење. Во главниот град или се ретки или пак не работат чешмите за вода.

Во овој период од годината зголемен е бројот и на труења, па лекарите советуваат храната да е добро термички обработена и да се чува на соодветна температура.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе