Нагасаки, Хирошима и Јапонија ја одбележуваат 79-годишнината од американскиот напад со атомска бомба на неколку дена пред крајот на Втората светска војна. Церемонијата беше малку засенета од отсуство на амбасадорот на САД, како одговор на градските власти да поканат и претставник на Израел. Од истата причина, претставници од понизок ранг испратија и Канада, Франција, Италија, Велика Британија и Германија, како и Европската Унија. Според нив, еднаков однос на Израел со Русија и Белорусија, кои, исто така, не беа поканети е погрешен.
Градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки преку својата мировна декларација ги повика земјите со нуклеарно оружје да ја променат политиката и да се насочат кон негово укинување. Тој укажа дека воздржаноста може да исчезне во услови на континуираната руска инвазија во Украина и забрзаните конфликти на Блискиот исток кои го ставија светот во „критична ситуација“.
Во атомската бомба што САД ја фрлија врз Нагасаки, на 9 август 1945 година, загинаа 70.000 луѓе. Три дена претходно Соединетите Американски Држави употребија атомска бомба и врз Хирошима која резултираше со 140.000 човечки животи и речиси уништен град.