Дестабилизација насприт ветинг и денеска продолжија препукувањата меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ кој е за борба пртив корупција а кој сака да се спаси од одговорност.
ДУИ Бара веднаш да започне меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет години. Доцнењето и одбивање да се спроведе само ќе покаже дека гласноста за борбата против корупцијата е обид за прикривање насопствената корупција велат од паритјата
Поминаа три дена и се уште нема барање од политичките партии и моноетничката влада до меѓународната заедница за меѓународно мониториран ветинг. Стравот од целосен ветинг не се покрива со небулозни соопштенија. Јасно е дека секое доцнење во овој процес само ќе ги засили сомнежите на граѓаните за вистинската посветеност кон борбата против корупцијата.
ДУИ сака со дестабилизација да се спаси од одговорноста за криминалот што го правела – обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Кој се огрешил пред законот и ги излажал и ограбил граѓаните има право да се плаши иако тоа нема да помогне многу порачаа од владеачката партија
Тонски Марија Митева, портпарол на ВМРО ДПМНЕ 00,36 -1,10
-Ова е маневар на ДУИ и СДС за да можат секоја постапка која би се отворила против член на нивното раководство да ја претстават како партиска пресметка и да убедуваат луѓе, нивни симпатизери да протестираат поради тоа што тие се наводно репресирани.
Прашањето за меѓународен ветинг ДУИ повторно го пласираше во јавноста вчера на состанок на Централното претседателство на партијата. Во одно на дестаиблизацијата рекоа дека протестите се демократски начин на изразување на политичката волја и не треба некој на тоа да гледа како на нешто лошо, но дека за такви чекори партијата сè уште не се определиле.
Опозициската дуи одржа состанок за бркање уплав од кривична одговорност со ваков став реагираа од коалицијата ВРЕДИ.
Секогаш кога ќе кажат „Охридски договор“ и „легитимитет“ значат дефокусирање за да се избегнат темите за корупциски скандали и одговорност за време на 22-годишниот режим. Албанците веќе се свесни за оваа манипулација на ДУИ. Откако увидоа дека нивните лажни тези за одбрана на Охридскиот рамковен договор немаат поддршка кај Албанците почнаа да негираат дестабилизација, велат од Вреди.
Темата за опасност од дестабилизација на земјава на есен прв ја отоври премиерот Хриситјан Мицкоски
Елена Ивановска Мукоска