Провокација од големи размери. Вака рускиот претседател Владимир Путин го опиша упадот на украински единици во регионот на Курск, на југозападот на земјата, на околу 500-тини километри од Москва. Властите во Киев, пак, не се огласија за операцијата, како и за нејзиниот обем.
По извештаите за упад на украински единици на руска територија, Путин одржа состанок со највисоки претставници на одбраната и безбедноста. За украинскиот напад рече дека бил „неселективното гранатирање на цивилни згради, куќи и амбулантни возила со различни видови на оружје“.
Според началникот на Генералштабот на руската армија, Валериј Герасимов, во борбите загинале околу 100 украински војници, а над 200 се ранети, пренесуваат руските медиуми.