Вести Свет

Tри жртви на „нилска треска“ во Албанија

По 13 години во Албанија се врати „ниска треска“, од која досега регистрирани се три жртви и 17 заразени.

– Нилската треска ја шират комарците кои се хранат со крвта на птиците. Вирусот не се шири од човек на човек. Периодот на инкубација за западнонилската треска се движи од 2 до 15 дена, а кај по благите форми болеста трае од 3 до 6 дена. Околу 80 отсто од случаите пренесени на луѓе не манифестираат симптоми. Кога ќе се појават симптомите, тие се многу слични на грипот, изјавила за медиумите Силва Бино, началник на Одделот за заразни болести при Институтот за јавно здравје, потврдувајќи го присуство на заразата.

Советува на навремено јавување во здравствените установи со цел да се интервенира соодветно, бидејќи „општо земено, оваа болест е излечива, меѓутоа, за околу еден отсто од пациентите, таа може да дегенерира во менингитис или енцефалитис, особено кај постари лица и оние со слаб имунитет“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Уште едни неуспешни преговори за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел

Дејан Дејан

Фрлен отпушок од автомобил причина за пожарот кај Блаце?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе