Вести Свет

Камала Харис најдоцна до утре ќе го објави потпретседателскиот кандидат

Изборот на потпретседателски кандидат за актуелната потпретседателка на САД е најважната политичка одлука која Камала Харис ќе ја донесе досега во пресрет на претседателските избори на 5 ноември на кои ќе му се спротивстави на републиканецот Доналд Трамп.

Кандидатите ќе бидат известени за нејзината одлука до вечерва или утре рано наутро. Потпретседателката, наводно, го стеснува својот избор. Нејзиниот потпретседателски избор ќе ѝ се придружи на предизборен настан утре во Пенсилванија. Во меѓувреме, поранешниот претседател Трамп се огласи на социјалните мрежи – зошто треба да има промена на локацијата на одржување, но и за датумот за следната претседателска дебата.

Растат очекувањата во нацијата за демократската претседателска кандидатката Камала Харис – кој ќе биде нејзин кандидат во претседателската трка. Меѓу главните кандидати се гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро, на Минесота – Тим Волц и американскиот сенатор Марк Кели. Политикологот од Универзитетот Дјук, Џон Грин, за Гласот на Америка изјави дека изборот за потпретседател ќе биде сигнал за нејзините приоритети и пристап кон водењето на нацијата. Харис планира да посети неколку држави со нејзиниот потпретседателски кандидат, почнувајќи, во Пенсилванија.

Се очекува и натаму кампањата на Доналд Трамп да продолжи да инвестира време и енергија во државите кои би можеле да одлучат за исходот од општите избори во ноември. Овој пат, Пенсилванија, Висконсин, Мичиген, Аризона се претпоставува дека ќе бидат пресудни. Додека електоратот во Америка ја чека најавата од демократската потпретседателка, републиканскиот кандидат тврди дека сега кога претседателот Бајден се откажа од трката, првичната претседателската дебата закажана за 10 септември на „Еј-Би-Си“ (ABC) треба да биде заменета со „Фокс њуз“, и тоа во Пенсилванија на почетокот на септември, со публика во живо.

Потпретседателката Харис му одговори на Доналд Трамп откако тој објави на социјалните мрежи за промена на датумот и форматот на следната телевизиска претседателска дебата, велејќи дека ќе присуствува на настанот на кој „тој веќе се согласил“.

„Ќе дебатирам на 4 септември или воопшто нема да се сретнам со неа“, возврати Трамп на својата платформа Truth Social.

Харис, коментираше дека е „интересно како „во секое време и место“ станува „едно одредено време, еден специфичен простор за дебатирање“. Едно е извесно – гласачите во САД ќе имаат уште една можност да ги оценат кандидатите на следното соочување.

За Телма од Вашингтон

Јане Бојаџиевски од „Глас на Америка“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двомесечен прекин на огнот како преодна фаза кон траен мир во Газа – Нетанјаху на средба со Трамп во Вашингтон

Дејан Дејан

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе