Вести Свет

Потпиша тригодишен акционен план за соработка со Кина – премиерката Мелони во посета на Пекинг

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вети дека „повторно ќе почне“ соработка со Кина по потпишувањето на тригодишен акционен план за нови облици на соработка за време на нејзината прва официјална посета на Пекинг по преземање на функцијата.

Таа денеска имаше средба со кинескиот премиер Ли Џианг, а ќе се сретне и со претседателот Си Џинпинг.

Таа присуствиваше и на италијанско-кинескиот бизнис форум на кој учествуваа компании – производителот на гуми „Пирели“, енергетската група ЕНИ, одбранбената група „Леонардо“, производители на вино, како и неколку италијански луксузни модни куќи како „Долче&Габана“.

„Форумот праќа уште еден сигнал на взаемен интерес за уште поголема рамнотежа на нашата комерцијална размена“, наведе Мелони.

Кина е најголем трговски партнер на Италија надвор од ЕУ, по САД.

Директните италијански инвестиции во Кина изнесуваат 15 милијарди евра, а над 1.600 италијански компании, посебно во областа на текстилната, машинската, фармацевтската, енергетската и тешката индустрија, работат со кинески партнери.

Но, Италија неодамна ја поддржа одлуката на Европската комисија за воведување на привремени царини до 37,6 отсто на електрични возила увезени од Кина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе