Вести Економија Најважни

Компаниите бараат дo 50 отсто поскапување на парното, нема веќе ниту субвенции за греење

Компаниите бараат поскапување на парното, повеќе нема да има ниту субвенции за топлинска енергија. До 50 отсто зголемување на цената предлагаат дел од фирмите, соопштуваат од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Од друга страна, пак, неизвесно е каков ќе биде квалитетот на испорака, затоа што, според информациите, сè уште не е поставен новиот топловод на мостот „Беласица“ кој беше опожарен пред повеќе од една година. Првиот регулатор Бислимовски пред извесно време рече дека овој проблем влијае на испораката.

„Да бидам искрен, да влијаеше толоводот што го нема, затоа што е со поголем капацитет и една работа е што треба да ја кажеме, а тоа е дека две години имаме релативно топли зими што е многу важно“, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

Од ЕСМ конкретно не ни одговорија што се случува со топловодот. Соопштија само дека во текот на летните месеци се одвиваат ремонти за да се обезбеди квалитетно снабдување во новата грејна сезона. Воедно побараа од потрошувачите да ги проверат внатрешните инсталации.

Според информации на Телма, за да може ЕСМ да ги постави новите цевки треба да достави барање до ЗЕЛС, од каде, пак, треба да дадат дозвола, но државните електрани тоа досега не го направиле.

Квалитетот на услугата зависи и од ТЕТО. Бислимовски неодамна рече дека централата минатата сезона околу два месеца не испорачувала топлина, затоа што не им било исплатливо. Тоа прави притисок врз цената, затоа што капацитетите на ЕСМ кои се преземени од „Адора“ се послаби.

Според информациите, освен ЕСМ продажба и ЕСМ Енергетика, сите други компании за топлинска енергија побарале поскапување и тоа во време кога има стабилизација на цената на гасот.

Интересно е што сите три фирми на ЕСМ, за снабдување, за дистрибуција и за производство, може да се види дека се често на врвот на листата на должници на Министерството за финансии. Исто така, во следната грејна сезона нема да има субвенции за топлинска енергија.

Од РКЕ информираат и дека главната седница и одлуката за новата цена ќе се донесе во понеделник, а ќе важи од 1 август. Останува да се види дали регулаторите ќе успеат да се изборат  со овие барања од компаниите.

Од РКЕ апелираат и куќните совети пред стартот на новата грејна сезона да направат проверки на фактурите за електричната енергија во подстаниците.

Градско парно користат околу 60.000 домаќинства. Деведесет проценти од нив се снабдуваат преку ЕСМ, а остатокот го добиваат преку топланата „Скопје Север“ и Енергетика.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе