Вести Свет Топ вести

По 2.500 евра плус за Пленковиќ и Милановиќ – хрватската влада пред одлука за брутално зголемување на платите на највисоките функционери

Хрватската влада оди на големо зголемување на платите на околу 270 највисоки државни функционери. Одлуката се очекува на денешната седница на владата која е во тек.

Како што објави index.hr, платите на премиерот Андреј Пленковиќ, на претседателот на државата Зоран Милановиќ и на претседателот на хрватскиот парламент, Горан Јандроковиќ ќе се зголемат за 2.500 евра. Зголемените износи треба да легнат на нивните сметки веќе во август, со исплатата на платата за месец јули.

Основицата за раст ќе биде 83,45 отсто, односно ќе изнесува 947 евра бруто наместо 516 евра, колку што беше досега. Основицата се множи со коефициентот, па така нето износот на платата на функционерите ќе се зголеми за повеќе од 60 проценти, а за највисоките државни функционери и 70 проценти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе