Вести Македонија Топ вести

СДСМ: Поклонетиот имот на Јанушев е заверен од адвокат Панче Тошковски

„Во иста зграда во центарот на Скопје кадешто е поклонетиот имот на вториот човек во Владата на Мицкоски, Игор Јанушев има и министерот Панче Тошковски. Крјано сомнително и надлежни институции треба да го истражат целиот случај. Поклонетиот имот на Јанушев е заврен од адвокат Панче Тошковски за што постои документ којшто денеска го објавуваме“, соопшти денеска СДСМ.

Од партијата прашуват- дали всушност Тошковски и Јанушев се јавуваат и како инвеститори за заедничка изградбата на истата зграда каде што имаат имоти? Дали се другари по имот или се другари по бизнис?

Од СДСМ потсетуваат дека целиот случај со парцелатата на којашто се наоѓа зградата во која имаат имот и Тошковски и Јанушев влече корени уште од 2010 година со процес на денационализација и приватизација.

Чаршав соопштенијата на СДС полни со лаги се јорган планина политика за заштита на внучето на Ахмети, реагираат од ВМРО – ДПМНЕ

  • Ако тврдењето на СДС дека наводната шема за имот на Јанушев датирала уште од 2010 година кога тој беше Директор на ЈСП, вистинското прашање е што правела СДС и ДУИ цели 7 години власт. Во тие 7 години беа политички апсени луѓе за криво ставен потпис, ако имало било што незаконски, сигурно Јанушев ќе одговарал десекратно за истото. Вистината е дека СДС со лагите против Јанушев и Тошковски се стави во одбрана на Ахмети и ДУИ, и тоа веднаш по кривичната пријава за Дрин Ахмети која ја поднесе МВР. СДС веднаш тргна во одбрана на внучето на Ахмети без размислување, се вели во денешното соопштение на ВМРО – ДПМНЕ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот фолклор инспирација за дуо „BudaPesme“ од Будимпешта

Дејан Дејан

„Макпетрол“ организира „Крени глас“ работилници за родителите од Охрид и Струга

Дејан Дејан

Политички пораки и славенички фрази од Ахмети – лидерот на ДУИ се обрати пред чаирчани, на 23-годишнината од формирањето партијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе