Вести Економија

Претседателката на ЕБОР Одил Рено-Басо во посета на Северна Македонија

Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо, денеска и утре ќе биде во посета на Северна Македонија.

За време на нејзината втора посета на земјава, претседателката на ЕБОР, како што е најавено, ќе се сретне со владини претставници, претставници од бизнис секторот и од граѓанскиот сектор.

Со задоволство ја очекувам втората посета на Северна Македонија. Северна Македонија е значајна инвестициска дестинација за нас, каде ЕБОР има водечка сума на инвестиции, изјавила Рено-Басо, се наведува во соопштението од Европска банка за обнова и развој.

ЕБОР, се додава во соопштението, е главна институција во Северна Македонија во однос на инвестициите во земјата и до денес, има инвестирано 2,9 милијарди евра во 190 проекти.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе