Вести Економија Македонија

Потрошувачката кошница за јули зголемена за 245 денари, пензионерите велат принудени се да купуваат бајат леб за да преживеат

Храната поскапува, надлежните немоќни, молчат. Минималната потрошувачката кошница за четиричлено семејство за јули изнесува 60.570 денари. Споредбено со изминатиот месец кошницата е зголемена за 245 денари, од тоа 106 денари се за транспорт, 66 денари за храна и пијалаци и останатите  за здравје. Потрошувачката кошничка за оние граѓани кои се под закупнина или имаат земено станбен кредит изнесува 76.000 денари. Граѓаните кои денес беа да пазарат во маркетите и пазарчињата велат дека сѐ е поскапено и веќе не се издржуваат трошоците наспроти ниските примања.

„Скоро се е зголемено, а најмногу месото кое е 700/800 денари. Внатре во пазарчето се е зголемено над 100%“, вели граѓанин.

„За една недела има поскапување на сите производи. Вака не се издржува, земам бајат леб за цела недела, само да излеземе на крај, мали ни се пензиите“, вели жителка.

Оние пак кои имаат свое земјоделско производство решението го гледаат во нивите и оранжериите. Ги избегнуваат маркетите, растат и берат производи кои сами ги произвеле.

„Не одам јас на пазар, живеам на село и таму си произведувам храна“, додава граѓанин.

Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека потрошувачката кошничка покажува дека е неопходно зголемување на сите плати и примања. Во моментов ниту две минимални плати од 22.500 денари не се доволни да ја пополнат потрошувачката кошница.

„Ако има покачување на цените тогаш треба да се направи нов модел кој ќе биде одржлив за зголемување на платите за да можат луѓето да преживеат. Ние само на хартија или на муабет кажуваме колку е сè покачено поради одредени причини, а никој не гледа кога и колку треба да се покачи цената на трудот“, изјави Иван Пешевски-ССМ.

Според нашите анализи мешаниот кашкавал за три години е зголемен за сто денари, мешаното сирење за 160 денари, млекото има раст од 23 денари, а омекнувачот е зголемен за 84 денари. Споредбено со другите земји во Македонија најскапи се храната, пијалаците и комуналиите.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кога глушецот го задева лавот- Мицкоски за „прозивката“ на бугарскиот министер за надворешни работи

Дејан Дејан

Невработени му пишувале на Стојанче Ангелов на фејсбук за да помагаат околу пожарите за 20 илјади денари

Дејан Дејан

По укажувањата на УНЕСКО Мицкоски најави дека Министерството за транспорт ќе ангажира фирма која ќе ги урива дивоградбите во Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе