Вести Македонија Топ вести

Мицкоски: Поради проблеми со колената, од Виена до Вашингтон и од Њујорк до Виена седев во бизнис класа, на други летови -кај излезот за итни случаи во авионите

Во однос за патувањата во странство, премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма истакна дека ќе беше подобро Македонија да има сопствен пристоен авион со кој ќе може да се врати одма, наместо три дена да лета со комерцијални компании.

„Ако имавме како држава пристојно летало, еве на самитот на Европската политичка заедница како што имаат сите, како и нашиот сосед Србија, вклучително Орбан, Макрон, Шолц. Толку многу е крадено од оваа држава што една цела флота е однесена. Ќе отидев ќе го завршев самитот и ќе се вратев, јас на три дена бев на пат и постоеше можност да не се вратам поради проблемот кој откажа повеќе од 1.000 летови во Европа.“, рече Мицкоски.

За тоа во каква класа се возел премиерот Мицкоски, нагласи дека поради здравствениот проблем со колената од Виена до Вашингтон и Њујорк до Виена бил во бизнис класа, додека за Скопје до Виена, како и потоа летот за Лондон во економска класа, посочувајќи помеѓу 11 и 12 ред кај излезот за итни случаи поради поголемиот простор за нозете.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на цените на јајцата во ЕУ 

Дејан Дејан

Според истражување во Србија 70 отсто од испитаници не гледаат решение во власта и опозицијата

Дејан Дејан

Зеленски најави привремен чекор кон договор за суровини со САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе